Нов неуспех на Арсенал: „Топчиите“ се подалеку од Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал претрпеа нов шокантен пораз во Премиер лигата. Избраниците на Арсен Венгер се поразени од Свонси со 3:1 и така се оддалечија од местата кои водат во Лигата на шампионите.

Арсенал имаше контрола на натпреварот од самиот старт и прв стигна до водство. За 1:0 погоди Начо Монреал по одличната асистенција на Месут Озил. Сепак, тоа беше се од Арсенал барем кога се работи за постигнување голови.

Веќе во следниот напад Сем Клукас погоди за 1:1 и со овој резултат се замина на пауза. Во продолжение  избраниците на Венгер доминираа на теренот имаа над 70% иницијатива, но немаа некоја сериозна шанса за гол.

Во 60. минута во игра влезе Микитаријан, а само една минута подоцна Свонси преку Ају зголеми на 2:1. Победата на Свонси ја потврди Клукас со неговиот втор погодок во 89. минута.

Ливерпул со 3:0 славеше против Хадерсфилд, додека Вест Хем и Кристал Палас ги поделија бодовите играјќи 1:1.