Нов расплет на настаните: Азар се сели во Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што посочува германски „Спорт Билд“, мадридски Атлетико е заинтересиран за офанзивецот на Борусија Менхенгладбах, Торган Азар.

Младиот брат на ѕвездата на Челси игра фантастична сезона во дресот на Менхенгладбах, постигна веќе 11 погодоци и запиша 6 асистенции на 14 настапи.

Со Борусија има нешто повеќе од 18 месеци договор, а шпанските медиуми пренесуваат дека во Мадрид би можел да го замени Томас Лемар, кој не се снајде најдобро, иако „Јорганџиите“ за неговиот трансфер од Монако издвоија 70 милиони евра.

Со Азар порано се поврзуваа Севиља и Валенсија, но сега Атлетико е главен кандидат за неговиот потпис.