Нов рекорд на неверојатниот Буфон


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон веќе долго време е вистинска легенда на Јувентус.

Сопственик на многу рекорди во овој италијански клуб, но и во Серија А, на денешниот натпревар против Сампдорија собори уште еден.

Јувентус денеска славеше на гостувањето кај Сампдорија во рамките на 29 коло од Серија А, а Буфон после денешниот натпревар собра 39 илјади и 681 минути на голот на Старата дама со што стана рекордер.

Нормално, овој 39-годишен голман и порано ќе го собореше рекордот да не ја помина сезоната 2006/07 во Серија Б после што Јувентус беше исфрлен поради аферата Калчополи.