Нов солиден настап на Илиев помеѓу стативите на вториот тим на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот голман Дејан Илиев вчера одигра солидни 80 минути во дресот на Арсенал на дерби пресметката од Втората Премиер Лига против резервниот тим на Челси.

Натпреварот заврши со резултат 2:2, а Илиев имаше неколку одлични интервенции. Сепак, во 81. минута Илиев заработи повреда на главата по што мораше да биде изнесен од игра а на негово место влезе Хуго Кето.

За среќа, повредата воопшто не е сериозна и младиот голман ќе се врати на терените уште во понеделник. Тоа го потврди и самиот Илиев кој на својот фејсбук профил напиша: „Фала за поддршката, се чувствувам добро и немам никаква сериозна повреда. Почнувам повторно со тренинзи од понеделник“.

Илиев пред неколку дена за прв пат се најде во протоколот на сениорскиот тим кога беше на клупата на натпреварот од Карабао купот против Норвич.