Нов тежок удар за Баерн Минхен


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Колумбискиот фудбалер и членна Баерн Минхен, Хамес Родригез поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терени во следните неколку недели.

Од германскиот клуб е соопштено дека листата на повредени фудбалери на Баерн Минхен се зголемила, па сега на Коман, Толисо и Алкантара им се приклучил и Хамес.

Најавено е дека Хамес се повредил за време на вчерашниот тренинг на кој дошло до делумно пукање на надворешните лигаменти на левото колено. Токму поради тоа 27 годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените во следните неколку седмици.