Нов тим заинтересиран за Ренато Санчес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге потврди дека тренерот на Челси, Антонио Конте пројавил интерес за Ренато Санчес веднаш по пријателскиот натпревар помеѓу Баерн и Челси во Сингапур.

„Повеќе од 10 тимови го посакуваат Санчес. Конте бараше некои информации за него по натпреварот во вторникот затоа што знае дека тој може да направи разлика на средината на теренот. Момчето сака да игра регуларно, а Анчелоти беше задоволен од тоа што го виде од него против Челси. Ќе ги разгледаме можностите, но доколку тој замине тоа веројатно ќе биде на позајмица. Ние се уште сметаме на него“- коментираше Румениге за „Газета дело Спорт“.

Покрај Челси сериозен интерес за Санчес има и од редовите на Милан и Манчестер Јунајтед.