Нов удар за Атлетико пред натпреварот против Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Симеоне доби нова лоша вест.

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез е под знак прашалник за натпреварот во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид.

Хименез во вчерашниот натпревар против Лас Палмас го напушти теренот во првото полувреме поради болка во мускулот.

Мадридскиот клуб соопшти дека уругваецот е под знак прашалник за првиот полуфинален натпревар против Реал Мадрид.

Од порано надвор од тимот е Јаник Фереира Караско кој ќе го пропушти натпреварот против Реал Мадрид кој се игра во вторник.