Нов шок за Интер: Нероазурите поразени од Каљари (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер претрпеа пораз во 26. коло од Серија А на гостувањето кај тимот на Каљари.

Домашниот тим со 2:1 го совлада Интер, а сите голови паднаа во првиот дел од средбата.

Каљари поведе со голот на Кепителја во 31. минута, а само сеудм  минути подоцна резултатот го изедначи Лаутаро Мартинез по асистенцијата од Наинголан.

Сепак, на две минути до крајот на првиот дел Каљари постигна уште еден гол преку Паволети кој ја искористи асистенцијата на Дарио Срна.

Во 92. минута домашниот тим не реализираше пенал откако непрецизен беше Барела.