Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германските медиуми вчера ја пренесија информацијата дека Борусија Дортмунд го суспендирала Обамејанг. Еден од медиумите спомнал дека причината поради суспендирањето е каснењето на тренинг, а други сметаат дека Барселона во текот на репрезентативната пауза веќе се договорила со него за официјално преминување во нивниот тим.
Да потсетиме, слично се случи минатата година во ноември кога Борусија пак го суспендираше и го пропушти натпреварот во ЛШ против Спортинг Лисабон поради патување во Милано кое не му беше дозволено.
Сепак, тој изјавува дека двете суспензии не се воопшто слични и дека не му е јасно зошто е суспендиран.
„Не е вистина дека сум задоцнил на тренинг. После моето патување во Милано бев суспендиран поради игнорирање на одредени наредби. Овој пат навистина не ми е јасно зишто сум суспендиран“, изјавил Обамејанг.
Ова дефинитивно ќе биде почеток на затегнатиот однос помеѓу Габонецот и управата на Дортмунд, а ќе видиме што ќе биде исходот од сево ова. Тој ќе го пропушти наредниот натпревар против Штутгарт.