Обвинителството потврди: Почната е истрагата за дуелот ПСЖ – Ц.Звезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем скандал би можел да се случи доколку обвинителството ги потврди шпекулациите.

Веста која се појави во петокот би можела да биде скандал, доколку тврдењата на „Л`Екип“ се покажат како точни.

Тие објавија дека им било јавено на управата на УЕФА пред самиот натпревар дека неименуван член на Црвена Звезда има намера да уплати пет милиони евра на пораз на црвено-белите со пет гола разлика.

„Истрагата е отворена, но во моментов немаме коментар“, соопштија од Обвинителството за финансиски криминал.

Во текстот пишува дека нема докази во оваа фаза и дека постојат само сомнежи, па сега на потег е УЕФА и надлежните француски органи.