Објавено што Роналдо и Меси си рекоа еден на друг во Ел Класико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Свесни сме дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се најдобри пријатели, но факт е дека меѓу овие двајца одлични фудбалери постои взаемно почитување.

Кристијано Роналдо и Меси секогаш имаа пофални зборови еден за друг, комплименти се делеа од двете страни.

Првенствено дека се две човечки големини, а потоа фудбалски.

Во саботното Ел Класико можевме да сведочиме повторно за спортските односи со многу почит и уживање меѓу Барса и Реал кои изгледа се вратија на состојбата од пред неколку години, а пример е оваа фотографија меѓу Меси и Кристијано Роналдо.

Меси и Роналдо често во текот на натпреварот беа веднаш позади другиот, а внимание привлече деталот од 40 минута од дуелот кога Кристијано и Лео разменија неколку реченици.

Имено, Роналдо доби задача да го чува Меси во текот на изведувањето на корнерот на Барса и се одлучи да го праша нешто: “Que Pasa?”(Што има), на што Меси одговори: (Мирно).

https://www.youtube.com/watch?v=eXHZv2ce480

Ел Класико на крајот заврши со резултат 1:1 (Суарез 53/Рамос 90), а Меси и Роналдо не оставија некој голем впечаток.