„Ова беше најтешката можна одлука откако сме во Лестер“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челните луѓе на актуелниот шампион на Англија, Лестер, на големо изненадување на спортската јавност вечерва му врачија отказ на тренерот Клаудио Раниери.

Италијанскиот стручнак кој донесе титула шампион на Лисиците во неверојатната мината сезона, после само девет месеци од историскиот успех доби отказ.

Лестер во оваа сезона не игра ни приближно како во минатата што беше причина за отказ на Раниери.

„Ова беше најтешка можна одлука која што ја донесовме во речиси седум години откако дојдовме во Лестер. Сепак, наша должност е клубот да го ставиме на прво место пред сите луѓе кои се тука. Клаудио ни донесе неверојатни резултати, но од оваа сезона имавме многу поголеми очекувања и поради тоа дојде време да се разделиме.  Му посакуме многу среќа во продолжението на кариерата“, рече потпретседателот на Лестер, Ајиват Сривадханапраба.

Лестер оваа информација ја потврди на својата официјална страна, а клубот ќе го води асистентот Паоло Бенети додека клубот не најде замена за Клаудио Раниери.