Ова би било фантастично – Во фудбалот се воведува правило како во одбојката


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марко Ван Бастен размислува да воведе едно ново правило во фудбалската игра.

Судиите имаат многу проблеми во текот на натпреварот, обраќаат внимание на сите ситни детали, го следат развојот на ситуацијата, мораат во секунда да донесат одлука која ќе биде многу важна за двата клуба.

Работата им е дополнително отежната ако имаме во вид дека поголем дел од фудбалерите секогаш имаат нешто да приговорат.

Поради тоа може да дојде до промена на правилата.

„Многу фудбалери се жалат во текот на натпреварот. Сигурен сум дека нивното однесување може да биде подобро.“

„Размислуваме како да му помогнеме на судиите. Многу емоција во играта, но мораме да ги контролираме. Можеме нешто да земеме од другите спортови како и тие од нас, но тој проблем мораме да го решиме“, изјави Ван Бастен.

Се работи за правилото само капитените да можат да поразговараат со судиите во текот на натпреварот.