Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата најверојатно ќе ја напушти Борусија на крајот на сезоната.
Често се зборува дека Пјер Обамејанг ќе ја напушти екипата на Борусија од Дортмунд на крајот на оваа сезона.
Дури и самиот Габонец зборуваше за тоа, истакна дека постои можност за такво нештго и доколку сака да напредува, време е да оди, само што ја налути управата на клубот.
Сепак, има важечки договор, се до 2020 година, па Борусија има силно преговарачко место.
Во минатата сезона наводно одбиле преку 80 милиони фунти за него од страна на Арсенал, а во оваа година поставија нова цена, а тоа е 70 милиони, пренесува Гоал.
Дали е рееална или не, проценете сами, сепак, сигурни сме дека постојат клубови кои се спремни да ја платат оваа сума.
Дали е баш Арсенал еден од нив, Интер, или можеби некој од шпанските гиганти, останува да го сочекаме летото…