Ова може да биде и најтешко лето за Барса во деценијата, еве и зошто


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Што работеа во минатото, не е чудо, ако овој проблем постои…

Одма да кажеме, земете ја приказната со резерва, мадридските медиуми не пропуштаат на овој, или на друг начин да наштетат на Барселона.

Во овие денови се зборуваше за трансфер на Марко Верати во Каталонија, за тоа дека се спремни околу 110 милиони за преодниот рок, но АС тврди дека вистината е целосно спротивна, Барса нема пари за големи купувања.

Трошоците пораснаа до небо, и самите директори на Барса признаваат дека платите на играчите се едноставно преголеми, новиот договор на Меси само ќе ги влоши работите.

Мадридски весник пишува дека во овој момент Барселона, под услов ако никого не продаде може да потроши само 25 милиони евра на засилувања.

Но, од кого може да се откаже.

Прв е Арда Туран кој има понуда од Кина и од татковината, но прашање е колку пари може да добијат од него.

Летните засилувања како Диње, Андре Гомеш разочараа, но цените значително им паднаа, се проценува дека Барса морала да се откаже од некој играч од првата екипа.

Ракитиќ останува, па навистина е тешко да се види кој клубот може да го продаде во текот на летото.

Одам се појави приказната дека може да прифатат некоја непристојна понуда за Нејмар, меѓутоа тоа се шпекулации. Може да замине Маскерано, истотака во Кина, но тука проблем е Меси кој едноставно сака неговиот сонародник да остане во клубот.

Во секој случај ќе биде интересно да се види преодниот рок на Барселона, работите изгледаа изгубено до пред неколку дена, титулата и понатака е далеку, но преживееја во ЛШ.

Ќе зависи и од новиот тренер, но кој да биде, едно е сигурно приоритет ќе биде да го задржи целиот тим заедно, што е како што рековме предуслов за Меси да потпише нов договор.