Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди се наоѓа во големи проблеми, откако му беше одземана капитенската лента, а сега со еден лајк на Инстаграм предизвика бура на социјалните мрежи.
Аргентинецот не сака да го продолжи договорот, па неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара преговара за нова соработка, но управата на Интер се налутила и решила да го продолжат договорот според нивни услови, инаку во спротивно ќе го продаде Икарди.
Икарди не мирува, посебно на социјалните мрежи, каде што италијанските медиуми го пренесоа последниот потег на Аргентинецот испратен кон Жоао Кансело.
Фотографијата е од мечот меѓу Јувентус и Наполи (2-1), па така ги „загреа“ шпекулациите дека ќе се пресели во „Старата дама“, со која се поврзуваше и во претходните недели во светските медиуми.