Ова ретко се случува: Гвардиола му се извини на Габриел Хесус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити вчера на Енфилд одиграа натпревар без голови во дербито од осмото коло во Премиер лигата.

Редсите минатата година беа единствените кои можеа да и парираат на екипата на Пеп Гвардиола и да ги победат, а Сити вчера беа посебно мотивирани да си одат од Енфилд со три бодови. Тоа можеше да се случи во самиот крај на натпреварот кога за гостите беше досуден пенал, но Ријад Марез беше непрецизен и натпреварот заврши 0:0.

Сепак, голема прашина се крена после пеналот бидејќи Габриел Хесус првично сакаше да го изведе пеналот, но тоа се промени кога Гвардиола кажа да шутира Махрез. Но, тоа беше погрешна одлука, а шпанскиот стручњак на крај се извини на бразилскиот напаѓач.

,,За време на тренингот видов дека Махрез добро ги изведува пеналите и затоа сметав дека тој треба да го изведи пеналот.

Сепак, сигрно дека ова ќе биде добро искуство за него и дека следниот пат ќе погоди. Габриел Хесус сакаше да шутира, но моја беше одлуката да шутира Марез. Му се извинувам поради тоа”- рече Гвардиола.