Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Јувентус во ¼-финале ќе игра против Барселона, а тоа ќе биде реприза на финалето од сезоната 2014/15.
Според медиумите, потпретседателот на Јувентус, Недвед вели дека Јувентус многу напредувал и не се плаши од Барселона.
„Барселона е еден од најдобрите тимови во светот. Знаеме дека се силни, но можеме да играме против нив.“
„Последен пат игравме во финалето на ЛШ во 2015-та година и тогаш изгубивме со 3:1, но мислам дека од тогаш до денес многу напредувавме. Овој Јувентус не се плаши од Барселона.“
Првиот натпревар се игра на 11-ти април, а реваншот на 19-ти април.