Одличен натпревар во Тетово: Шкендија и Вардар ремизираа со евро-голови (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новата сезона во македонскиот шампионат беше отворена со дерби пресметката во Тетово помеѓу шампионот од минатата сезона, Шкендија и вицешампионот Вардар.

Вардарци подобро го отворија натпреварот и уште во 5. минута стигнаа до водство преку Тигран Барсегјан. Ерменецот со феноменален гол го совлада Костадин Захов за водство од 1:0.


За израмнување се чекаше до 54. минута кога најдобриот играч на Шкендија, Бесарт Ибраими од слободен удар го совлада Гачевски за 1:1.

Во 63. минута Шкендија остана со играч помалку, откако поради втор жолт картон беше исклучен Алими, но тоа не им пречеше да стигнат до нов гол. Стрелец на погодокот овој пат беше Бесмир Бојку.

Тоа не беше крај на убавите голови. Горан Попов со вистински проектил од околу 30 метри по втор пат го совлада Захов и го постави конечниот резултат на средбата.

Во вториот денешен натпревар одигран на „Филип Втори Арената“ исто така видовме феноменален фудбал со седум погодоци. Гостинскиот тим на Ренова со 4:3 го совлада тимот на Работнички за успешен старт на сезоната.