Одлична игра на Вестбрук и Харден: Домашна победа за Бостон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во ноќта од вторник кон среда беа одиграни 4 натпревари во НБА лигата. Џејмс Харден постигна 34 поени и 11 асистенции за Хјустон кој стигна до победа од 123:107 против Далас.

Во многу неизвесен дуел во гости победи и Јута. Лејкерс беа поразени со 102:100, со одличната игра на Хауард, односно 31 поени и 9 скокови.

Во гости победи и Оклахома, која со 106:94 го победи Мајами. Вестбрук постигна нов трипл-дабл, односно 29 поени, 17 скокови и 11 асистенции.

Единствен домашен триумф имаше Бостон. Тие го победија Мемфис со 113:103 со одличниот настап на Бредли и Томас. Првиот постигна 23 поени додека Томас постигна 21 поен.

Кај Мемфис најдобар беше Марк Гасол со 26 поени и 9 скокови.