Одлични вести за Хјустон: Еден од најважните играчи останува во екипата!

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Клинт Капела, потпиша петгодишен договор со екипата за кој ќе добие дури 90 милиони долари.

Капела во претходната сезона имаше важна улога во Рокетс, а двете страни успеаа да се договорат по преговори кои беа предолги.

Кошаркарот минатата сезона одигра 74 натпревари во регуларниот дел на сезоната, а во просек постигнуваше по 13,9 поени, 10,8 скокови и 1,9 блокади.

Капела беше добар и во плејоф-серијата, па на 17 натпревари постигнуваше во просек по 12,7 поени, 11,6 скокови и 2,1 блокади.