Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
За младиот играч полуде пола Премиер лига. Јувентус во фрка, дали за нив ќе се случи „Погба“.
Европа зборува за бајката за ова момче.
Во прашање е Григорио Кастањос од Кипар , момчето има 18 години, пред две од својот остров стигна во Јуве и заигра во Примавера на славниот клуб.
Со 17 години дебитираше за сениорската репрезентација на Кипар, досега не доби шанса во првиот тим на Јувентус кој му нуди договор и сакаа да вградат клаузула веќе од 20 милиони евра.
Во Торино се плашат дека како слободен играч може да замине во Англија.
Доста клубови се распрашуваа, Евертон му нудеше договор и огромни пари, но тој цели поголем клуб.
Се појави Јунајтед, на овој начин сакаат да се реваншираат за Погба кој во 2012 година отиде како слободен играч во Торино, а Ѓаволите четири години подоцна за светски рекорд го вратија во клубот.
Тој игра на место централен играч за врска, во Јувентус го проектираа како нов Пирло, но може да игра и по страните, поофанзивно.
Тој има договор до наредната сезона, како што рековме, понудено му е продолжување, сеуште се чека одговор.