Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се поголемо е незадоволството во НБА поради новиот тренд кој се воведе во тимовите на некои натпревари да ги одмораат своите најголеми ѕвезди.
Најдобриот играч на Вашингтон, Џон Вол смета дека тоа не е фер кон навивачите, кои плаќаат карти за да ги гледаат своите омилени тимови во најдобро издание.
Сепак, тоа мислење не го дели Кевин Дурант од Голден Стејт, кој во ова не гледа никаков проблем.
„Вистина е дека тоа се однесува на неколку играчи во лигата. На нив не им е важно дали 13-от играч на клупата се одмора.“
„Така е само со Леброн, Кари, Вестбрук, Харден. Има во таа група некои пет играчи. Нема најверојатно да воведувате ново правило поради нив 5.“
„На играчите им е потребна психолошка пауза. Жал ми е, тие се само луѓе. Тие поминуваат низ многу во еден ден. Има и многу активности надвор од теренот, за кои тие не се свесни.“
„Тоа дури нее физичка пауза, туку само психички рестарт.“