Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Јамаха, Лоренцо изјави дека нема никаков однос со тимскиот колега Роси уште од контроверзниот финиш минатата сезона.
Самиот финиш на минатогодишниот шампионат го одбележа вербална војна помеѓу Роси, Маркез и Лоренцо. Се започна од тоа што Италијанецот го обвини возачот на Хонда дека вози за Лоренцо, кој на крајот ја освои титулата.
Од тогаш се нема многу сменето, а пред 2 недели, во текот на ГН на Сан Марино дојде до нова вербална војна помеѓу 2-та возачи на Јамаха, бидејќи Лоренцо го обвини Роси дека бил премногу агресивен во преминувањата.
„По обвиненијата во Сепанг, за мене нашиот однос не постои. Не знам што ќе се случи во иднина, но по тие обвиненија за мене односот со него не постои. Маркез го прави тоа што мисли дека е најдобро за него и што чувствува дека треба да го прави.“
Лоренцо до крајот на сезоната ќе ја напушти Јамаха и ќе премине во Дукати, а сега нагласува дека неговиот однос со Роси нема да влијае на тоа.
„Ништо не се менува, работиме како и претходно. Секој пат кога ја делев гаражата со својот колега, го одработував својот дел од работата. Ако односот ни е добар, тоа е одлично. Ако не е, тогаш и тоа е одлично. Најважно е вредно да работиме, да победуваме на трките и да ја освоиме титулата.“