Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пријателски натпревар на фудбалските репрезентации на Бразил и Колумбија, од кој меч целиот приход ќе замине за помош на Чапекоенсе, ќе се одигра на 25 јануари во Рио Де Женерио, соопшти Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ).
Фудбалери на Чапекоенсе, членови на стручниот штаб и фунцкионери на клубот се меѓу загинатите во авионската несреќа која во минатиот месец се случи во Колумбија.
Чапекоенсе патуваше на натпревар против Атлетико Насионал во финалето на Копа Судамерикана. Од 77 патници и членови не екипажот во авионот загинаа 71 лица.
Фудбалски клубови и разни фудбалски организации нудеа помош на клубот, а поедини европски и јужноамерикански клубови понудија бесплатно свои играчи на позајмица.
Во пријателски натпревар со Колумбија, кој ќе се одигра на 25 јануари на Нилтон Сантос стадионот во Рио, за Бразил ќе настапат играчи од домашните клубови.
„Поради тоа што тоа не е термин за меѓународни натпревари, ќе ги повикаме играчите од бразилските клубови со цел да не ги посрамотиме клубовите или играчите кои мораат да одбијат повик бидејќи фудбалските лиги во тоа време се во тек“, се наведува во соопштението на ЦБФ.