Од Арсенал кажуваат дека е повреден, а англиските медиуми откриваат дека Озил има проблем со видео игри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал изминатиот викенд го совлада Тотенхем во дербито со 4-2. а Озил не беше ни на клупата. Од Емирати порачаа дека има проблем со повреда, но на сите веднаш им стана јасно дека тоа не е вистина. Емери едноставно не смета на него и јасно е дека не се во добри односи.

Англиските медиуми веќе со денови шпекулираат за односот помеѓу Емери и Озил, па пробаа да ја откријат причината зошто шпанскиот стручњак не смета повеќе на Германецот.

Денес медиумите на Островот објавија дека сево ова е поради опсесијата на Озил кон видео игрите, а тоа го налутило Емери.

Наводно, Озил во последно време станал голем фан на видео игри, а посебно се однесува на играта Fortnite. Тој има повеќе од 600 победи и не крие од јавноста дека сака да ја игра оваа игра. Наводно еднаш задоцнил на тренинг поради играта, па Емери одлучил да го казни.

Тој јасно му кажал на Озил дека нема да игра се додека не се стави во ред, а во Арсенал пробуваат тоа вешто да го сокријат со објавата дека најскапо платениот играл на Топџиите е повреден.

Но, од англиските медиуми тешко нешто може да се сокрие.