Од Баерн порачаа: Директорот на ПСЖ е срам за клубот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, испрати многу критики на сметка на спортскиот директор на ПСЖ, Антер Енрике, поради притисокот и средствата со кои се служел за да го убеди Жером Боатенг да потпише за нив.

„ПСЖ не може себеси да си дозволи да има таков работник на тоа место, ако сака да биде еден од најдобрите клубови во светот“, кажа Хенес.

Претседателот на баварците објасни што се случувало со трансферот на Боатенг.

„Ние баравме 50 милиони евра, зашто не сакавме да го продадеме Боатенг и знаевме дека ПСЖ нема лесно да прифати да плати толку многу. Но, Енрике потоа ги премина границите и се обиде на нефер начин да го ангажира Боатенг. Тоа е против ФИФА правилата. На ПСЖ им советувам да го сменат спортскиот директор. Тој е лоша реклама за клубот“, вели Хенес.