Од врв до дно: Колку одбрани имаше Де Хеа на последните 14 удари кон голот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Де Хеа важеше за еден од најдобрите голмани, а сакаше да го купи и Реал Мадрид, но очигледно Шпанецот се соочува со голема криза.

„Црвените ѓаволи“ му подготвуваат нов договор, но еден податок ги загрижува навивачите. Шпанецот од 14 удари во рамките на голот одбранил само четири удари, а дури десет топки завршиле во неговата мрежа.

Интересно е тоа што е катастрофален и кај пеналите. Во последните осум удари од белата точка, Шпанецот примил дури осум гола.

Наредната недела Де Хеа ќе има шанса да ја поправи својата статистика бидејќи Јунајтед игра против Тотнем.