Од голема ѕвезда до предмет на исмејување: Последниот гол го постигна во 2011!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Некогаш беше сметан за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Луѓето очекуваа од него да биде новиот Роналдо, но тој заврши како губитник. Ова е приказната за успехот и падот на Адриано.

Бразилските села не се убаво место за растење. Сите го знаат тоа. Местото е исполнето со сиромашност, криминал, дрога… Тие се пекол на земјата, но и место од каде што доаѓаат најдобрите фудбалери во светот.

Роналдо, Ромарио и Зико, се само некои од играчите кои го почнаа својот живот таму. Сите тие во еден момент беа најдобри играчи на земјата.

Причина поради која се толку талентирани е едноставна – можеш да крадеш и продаваш дрога или да играш фудбал. Алтернатива за овие две нема.

Професинално деби

Адриано ја започна својата младинска  кариера на 15 години, кога потпиша за Фламенго во 1997 година. Му требаа 3 години пред своето професионално деби, а потоа брзо се наметна во тимот на Фламенго.

Меѓутоа, не остави некој впечаток во Фламенго. По сезона и пол потпиша за Интер кој го испрати на позајмица во Фиорентина. Во тоа време Италија ја имаше најсилната лига во фудбал, па Адријано не се прилагоди веднаш.

По половина сезона во Фиорентина тој премина во Парма каде што конечно почна да игра добро. Висок, неверојатно силен и фантастична лева нога. Адријано постигна 17 голови во Парма таа сезона. Во Интер не чекаа долго и отидоа по него, а трансферот изнесуваше 23 милиони евра.

2004 и 2005 година беа врвот во кариерата на Адријано. Ја освои Копа Америка со Бразил, го освои и Купот на конфедерации со Бразил, а исто така постигна 28 голови за Интер.

По тие две сезони, се тргна по надолна линија. Некои сметаат дека за падот на Адријано е причина смртта на неговиот татко.

Некои експерти сметаат дека Адријано падна поради лошата ментална состојба. Главен проблем од кој бразилскиот напаѓач страдаше беше депресија.

Падот во играта

Неговата висина на играта драстично падна во 2006 година, постигна 10 голови помалку за Интер, а имаше разочарувачка игра на СП со Бразил.

Кога започна сезоната 2006/07 беше очигледно дека Адријано има проблем со тежината поради помалку тренинг, а се повеќе време поминуваше на забави. Интер набрзо го позајми во Сао Паоло, каде знаеше да игра добро и да потсети на најдобрите денови, но кога повторно се врати во Милано продолжи по старо.

Во наредните три сезони за Интер даде само 14 голови. Мурињо веднаш го продаде на Фламенго.

Во Фламенго тој се врати во форма. Во првата сезона постигна 19 голови и му помогна на тимот да ја освои титулата. На крајот на сезоната повторно се враќа во Италија, но сега во Рим.

Враќање на Апенините

Меѓутоа, изгледа дека воздухот на Апенините не му одговараше, па за 7 месеци имаше само 8 настапи во Рома.

Од тогаш имаше 12 настапи за 3 клубови, 2 во Бразил – Коринтијанс и Атлетико, па еден во САД, Мајами.

За својот последен клуб Мајами, по кој најверојатно нема да игра, Адријано сеуште нема одиграно натпревар.

Лош сон

Адријано последниот гол го постигна пред 5 години. Во дресот на Коринтијанс постигна гол против Атлетико Минеиро.

Во секој случај, Адријано имаше неверојатен пад. Од ѕвезда во Серија А до напаѓач без настап во американската 4-та лига. Од стрелец со 27 голови во 48 настапи до предмет за исмејување.

Кој знае, Адријано можеби би можел да игра и понатаму на високо ниво доколку ја добише неопходната помош. Вака чека во анонимност да се пензионира. Кариерата која вети многу, но заврши како лош сон.