Од кој играч Конте е воодушевен?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте не го криеше задоволството од играта на Сеск Фабрегас, а после големата победа над Мидлзборо италијанскиот стручнак имаше само пофални зборови за својот играч за врска.

После новата убедлива победа, овој пат над Мидлзборо кој и официјално отиде во понизок ранг, Челси од титула ги дели само уште еден триумф.

А клучна улога во синоќешната победа од 3:0 играше Сеск Фабрегас, наместувајќи го првиот гол, иако асистенција не му е препишана, а асистираше на Немања Матиќ за третиот погодок на Челси.

Фабрегас уште еднаш покажа дека е многу важен дел од екипата на Челси, иако голем број на натпревари во оваа сезона ги почна од клупата.

„Сеск многу напредуваше во оваа сезона и многу сум среќен поради него. Тој сам ја избори позицијата во екипата. На почетокот на сезоната не му беше лесно, бидејќи не играше многу, но тогаш покажа дека е спремен за игра.

Неговите партии се одлични. Мило ми е поради него“, изјави Конте после натпреварот.

„Овој натпревар беше важен за нас, после поразот на Тотенхем ни се пружи можност да ја зголемиме предноста на седум бодови. Беше многу важно за добро да одиграме и победиме“.

„Ова е голем чекор. Уште три натпревари се пред нас и ни требаат три бода да ја осигураме титулата. Ова е наш одговор на Тотенхем. Тие победија во девет од последните 10 натпревари и загубија само еден, а ние победивме само осум пати и загубивме два пати. Покажавме воља и одлучивме да дојдеме до титулата во оваа сезона“, додаде тренерот на Челси.