„Од сега се знае кој изведува пенал, вака не оди“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Торино ремизираа синоќа во рамките на 23 коло од Серија А со екипата на Емполи во гости со резултат 1:1 (1:1).

Биковите ни во петто коло по ред не успееја да запишат три бода во најелитното италијанско натпреварување.

Меѓутоа, Торио синоќа имаше шанса да го однесе целиот плен, но на Фалке среќата му сврте грб.

Имено, крилниот напаѓач на Торино во 55 минута од дуелот промаши пенал што сериозно го збесна стратегот на гостинската екипа на овој дуел.

„Нажалост, промашивме четири пенали во оваа сезона. Имаше три шутеви Белоти, Љајиќ и Фалке. Договор е да шутира тој кој во тој момент најдобро се чувствува. Но гледајќи ги нив како си препираат, одлучив од сега пенал да изведува само Белоти, доста беше, не можам да ги гледам така“, рече после мечот тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ.

Во наредното коло, Торино на својот терен ќе ја дочека екипата на Пескара.