Од „Стемфорд Бриџ“ стигна конечната одлука: Го сакате Азар, нема проблем, но за овие пари…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар има уште година и половина договор со Челси и се повеќе и повеќе се зборува за неговата судбина.

Познато е дека мадридски Реал е заинтересиран за неговите услуги, ниту самиот Белгиец не криеше дека детски сон му е да го облече дресот на Мадриѓаните.

Сепак, Челси сака да го задржи, но се свесни дека можеби нема да имаат можност тоа да го направат.

Азар изјави дека по завршувањето на сезоната ќе донесе одлука дали останува или заминува, Сари му порача дека треба да донесе одлука што е можно побрзо, за клубот на време да направи план во случај да одлучи да замине.

Ангажирањето на Кристијан Пулишиќ многумина го видоа како подготовка на „Плавите“ за живот после Азар, репрезентативецот на САД е купен, но сезоната ќе ја заврши во Борусија Дортмунд.

Така во управата на Челси направија уште еден чекор кога е во прашање потенцијалното заминување на Азар, па поставија и цена за неговите услуги.

Имено, иако има 28 години и следното лето ќе има уште само една година договор со клубот, заинтересираните страни во летниот преоден рок ќе можат да го добијат белгискиот репрезентативец доколку понудат 100 милиони фунти.

Реал ги сака Азар и Ериксен, како замена за Бејл и Модриќ, па прашање е дали можат да ја издвојат споменатата сума, со оглед на тоа дека Тотенхем истакна дека нема намера да го продаде Данецот за помалку од 250 милиони евра.

На „Бернабеу“ сепак се надеваат дека Матео Ковачиќ би можел да им помогне да ги задоволат „Плавите“ и да го намалат нивното барање за Азар, Хрватото е на позајмица во Лондон од Реал, доколку Сари сака да го задржи, ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.