Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Месут Озил е спремен да остане во Арсенал.
Плејмејкерот на Арсенал потврди дека ќе остане на Емирати само доколку истата работа ја направи и менаџерот Арсен Венгер.
„Многу сум среќен во Арсенал и спремен сум да потпишам нов договор. Се е на клубот. Клубот исто така знае и дека сакам да знам каква ќе биде ситуацијата со менаџерот во иднина“, рече Озил.
Него Тиери Анри го обвини дека го уценува клубот, па Германецот имаше одговор и на тоа.
„Секој има право на свое мислење. Мене тоа не ме интересира и не ми е грижа. Поранешните играчи не знаат каква е ситуацијата меѓу мене и клубот“, додаде Озил.
Озил претходно играше во Шалке, Вердер и Реал, а член на Арсенал е од 2013 година.
За лондонскиот клуб запиша точно 100 настапи и постигна 20 голови.