Озил е спремен да остане, но само во еден случај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Месут Озил е спремен да остане во Арсенал.

Плејмејкерот на Арсенал потврди дека ќе остане на Емирати само доколку истата работа ја направи и менаџерот Арсен Венгер.

„Многу сум среќен во Арсенал и спремен сум да потпишам нов договор. Се е на клубот. Клубот исто така знае и дека сакам да знам каква ќе биде ситуацијата со менаџерот во иднина“, рече Озил.

Него Тиери Анри го обвини дека го уценува клубот, па Германецот имаше одговор  и на тоа.

„Секој има право на свое мислење. Мене тоа не ме интересира и не ми е грижа. Поранешните играчи не знаат каква е ситуацијата меѓу мене и клубот“, додаде Озил.

Озил претходно играше во Шалке, Вердер и Реал, а член на Арсенал е од 2013 година.

За лондонскиот клуб запиша точно 100  настапи и постигна 20 голови.