Олеснување за Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Манчестер Јунајтед потврдија дека проблемите околу визата на Алексис Санчез се средени и дека тој наскоро ќе летне во САД каде останатиот дел од тимот се подготвува во пресрет на новата сезона.

Санчез ќе замине за САД и веќе во недела би требало да биде вклучен во составот на „ѓаволите“ за втората пријателска средба против Сан Хозе Ертквејкс.

Инаку, денес со почеток во 04:00 часот наутро избраниците на Жозе Мурињо ќе го одиграат првиот пријателски натпревар против Клуб Америка.