Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа уште 2 натпревари од Евролигата.
Во првиот натпревар играа Олимпијакос и Жалгирис, а победник беше грчкиот тим со 73:64.
Натпреварот започна израмнето, односно првата ¼-на заврши 19:19, а до крајот на натпреварот борбата беше рамноправна на двете страни и се замине на полувреме со резултат 35:35.
Потоа Олимпијакос успеа да направи мала разлика во вториот дел, односно во третата ¼-на имаше предност од 2 поени, а до крајот на натпреварот ја зголеми на 9 поени.
Во вториот натпревар Барселона започна многу добро против Галатасарај, но решавачка беше последната ¼-на во која доминираше тимот од Турција и заслужено на крајот стигна до победата со 69:62.