„Освежување“ во Ферари: Потврдена промената на директорот на екипата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот директор на Ферари во Формула 1 од денеска е техничкиот директор Матио Биното, соопшти италијанската екипа.

Биното го заменува Маурицио Аривабене по уште една сезона во која италијанскиот тим не успеа да ја освои титулат ниту во конкуренција на возачи, ниту во конкуренција на конструктори.

„По четири години напорна работа, Маурицио Аривабене го напушта тимот. Одлуката е донесена заедно со највисокото раководство, по долги разговори за личните интереси за Маурицио, како и интересите на екипата“, пишува во соопштението на тимот.

Ферари соопшти дека Биното ја презема функцијата. Инаку, тој работеше како технички директор на Ферари од 2016 година, кога го замени Џејмс Алисон.