Оспина нема да се врати во Арсенал!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Оспина минатото лето стигна во Наполи на едногодишна позајмица за која ќе треба да му плати еден милион евра на Арсенал, а имаат можност да го откупат за дополнителни 3,5 милиони евра.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Наполи е подготвен да го откупи доколку одигра 30 натпревари за екипата. Сепак, тие решиле да го задржат и без да го исполнат тој услов.

Тоа значи дека Оспина ќе остане и во наредната година во овој италијански тим, но исто така ќе има и сериозна конкуренција кога ќе се врат Мерет.

Мерет во јули годинава ја скрши раката, па мораше да паузира, а Оспина сигурно не би добил минутажа покрај Петр Чех и Бернд Лено во Лондон.