Оспоруваниот фудбалер на Реал на мета на Јирген Клоп!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Како што пренесува „Талкспорт“, Ливерпул е заинтересиран за фудбалерот на мадридски Реал.

Свесни се во Ливерпул дека на Клоп во наредната сезона мораат да му стават на располагање далеку посилен тим, доколку навистина сака да се вмеша во борба за титулата.

Многу имиња по медиумите се доведуваат во врска со премин на Енфилд, а последен од нив доаѓа од редовите на кралскиот клуб.

Имено, Клоп сака да ја засили дефанзивата со ангажирање на поранешниот играч на Порто Данило, кој е на удар на навивачите на Галактикосите во оваа сезона.

Бразилецот кој воодушеви со своите партии по десната страна во Порто, не е ни блиску до тоа ниво на Бернабе, и се повеќе се пишува дека може да замине.

Засолниште може да му понуди Клои, со желба да ја засили конкуренцијата кај неприкосновениот Натаниел Клајн покрај десната аут линија.

Данило може да се снајде и во средниот ред, што дефинитивно не е на одмет, бидејќи Ливерпул е краток со опциите во сите линии.

Реал на Порто за услугите на Бразилецот плати 31 и пол милиони евра, но нема сомнеж дека ќе прифатат на помала сума, бидејќи никој не е спремен да издвои толку пари за неговите услуги.