Останува во Премиер лигата: Дефо најде нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот англиски напаѓач Џејмен Дефо се одлучи да го напушти Сандерленд на крајот на оваа сезона бидејќи овој клуб не успеа да остане во Премиер лигата.

Дефо позади себе има одлична сезона каде што покажа дека има уште многу да понуди.

Овој 34-годишен напаѓач не сакаше во наредната сезона да игра во Чемпионшип, и ќе го напушти Сандерленд.

Сепак, благодарение на одличните партии експресно доби неколку понуди.

Англиските медиуми објавија денеска дека Дефо се договори се со Бурнмут со кој ќе потпише договор во првиот ден од преодниот рок.

Дефо договори тригодишен договор според кој неделно ќе заработува 65 000 фунти.

Искусниот напаѓач беше во контакт со Вест Хем, но на крајот од враќање во некогашниот клуб не беше ништо.

Изборот на Бурнмут падна поради тоа што овој клуб беше еденствен што понуди повеќегодишен договор во однос на останатите кои на овој напаѓач нудеа соработкана една сезона.