Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Левиот бек на Барселона, Џорди Алба го продолжи договорот до летото 2024. година, потврди каталонскиот великан.
Шпанскиот фудбалски репрезентативец така се обврза последната година од кариерата да ја мине на „Камп Ноу“ бидејќи по истекот на соработката ќе има 35 години.
Во новиот договор ќе има откупна клаузула од дури 500 милиони евра, што е пракса во Барселона откако ПСЖ го „украде“ Нејмар пред две и пол годии за 222 милиони евра.
Алба седум години мина во познатата младинска школа на Каталонците во Ла Масија, но дури преку Валенсија и Химнастика заигра за првиот тим.
За Барселона игра од 2012. година и освои четири титули во Шпанија, како и една титула во Лигата на шампионите.