Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Реал Мадрид е веројатно во најдлабока криза откако на нивната клупа е Зинедин Зидан од почетокот на 2016. година.
Кралевите играат многу лошо во Ла Лига и моментално заостануваат со 8 бодови зад Барселона, додека во ЛШ во два меча не успеаа да го победат Тотенхем и извлекоа само еден бод.
Португалскиот фудбалер и официјално најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо ги смирува навивачите на Реал Мадрид и порачува дека не е многу загрижен поради слабите резултати.
Сепак, тој призна дека недостасуваат некои играчи кои си заминаа ова лето.
„Сите играчи што си заминаа ова лето не правеа посилни. Не барам изговори, но играчи како Пепе, Џејмс Родригез и Мората го правеа нашиот тим посилен. Момците кои дојда се иднина, но тие се многу млади и го немаат потребното искуство“, изјави Роналдо.
Да потсетиме, Реал ова лето го доведе Тео Хернандез и Дани Себаљос, играчи кои имаат само 19 и 20 години.
И самиот Кристијано Роналдо игра нешто послабо за разлика од минатата сезона, посебно во Ла Лига каде што во 6 мечеви има постигнато само еден гол. Од друга страна во ЛШ е најдобар стрелец со 6 голови после 4 меча.