Откриено: Алегри сака уште едно засилување – Јуве ќе изгледа страшно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реновиран среден ред, со неверојатен потенцијал во нападот предводен од најдобриот играч во светот, кој ќе делува како хорор за ривалите.

Јувентус преговара со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој е прва желба. А, доколку замина Миралем Пјаниќ, тогаш негова замена ќе биде Пол Погба.

Многумина во Италија се прашуваат дали е можно Јувентус да го урне клупскиот рекорд за да донесе играч, кој нема играно надвор од Италија, а не играше добро ниту на Мундијалот.

Тренерот на Јувентус, Алегри, планира да игра формација 4-2-3-1, каде што напред би биле Даглас Коста, Матуиди, Дибала и Роналдо.

Оваа екипа, посебно нападот би изгледал страшно и тоа не само за екипите во Серија А, туку и за тие во Европа.