Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пауло Дибала ја завшри 2017. година во голем стил, а сега се откриваат проблемите поради кои неколку натпревари ја „грееше“ клупата.
Имено, Аргентинецот имал приватни проблеми со девојката, но и многу поголеми, спонзорскиот договор, за кој преговарал неговиот брат.
„La Hija“ го отпушти агентот и го ангажираше неговиот брат, па преговараа со ПСЖ, односно имало состанок со ПСЖ, а ова ги разбеснило првите луѓе на Јуве.
Но, најголем проблем бил техничкиот спонзор.
Една година Аргентинецот, поранешен клиент на Најк, играше со црни копачки без никаков знак, преговорите траеја долго, па на крајот Дибала заврши како манекен на Адидас.
На крајот од сезоната „златните“ копачки на Адидас му донесоа среќни празници на Дибала и два гола за победа на Јуве во последното коло од 2017. година.
Следи деребито во Торино, па Аргентинецот би можел да се најде во првиот состав.