Откриено е зошто Алексис беше на клупата и кој е епилогот од се!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Арсен Венгер се одлучи за Чилеанецот мечот против Ливерпул да го почне од клупата за резервни играчи.

Се почна после дебаклот на Арсенал во Минхен. Испратени се Топџиите со пет парчина во мрежата од страна на ектуелниот шампион на Германија, беше јасно дека нивното натпреварување во ЛШ е завршено.

После тој дуел, видно незадоволен беше поранешниот фудбалер на Барселона Алексис Санчез.

Тој се сврте на своите соиграчи, ги обвинуваше за срамотниот пораз во Баварија, а тоа ниту малку не му се допаѓаше на Арсен Венгер.

Одигра Санчез само 20-тина минути во наредниот меч на Арсенал, кога пулените на Венгер гостуваа на Сатон во 1/8 финалето на ФА Куп, но беше и очекувано за Чилеанецот да одмора против петтолигашот.

После тоа, дојде на ред дербито во 27 коло од Премиер лигата на Енфилд Роуд, а Алексис не се најде во стартните 11.

Со таа одлука Венгер сакаше да го казни својот фудбалер, бидејќи беше бесен поради неговото однесуваше после поразот во Минхен.

Тоа што уште повеќе го разлути Французинот е и желбата на крилниот фудбалер да го напушти клубот, па стана јасно после споменатиот дебакл во ЛШ.

На Санчез му прекипи, повеќе не му паѓа на памет да прифати продолжување на соработка со Гунерите, а веќе на сите им стави до знаење дека сака да замине.

Поради тоа го почна мечот со Редсите од клупа, не чуди да стане пракса во продолжението на шампионатот.

Значи, се е јасно дека Алексис нема иднина на Емирати, а поедини медиуми веќе најавуваат негов голем трансфер.

Наводно ПСЖ е загреан да го доведе, а му подготвија и вистински третман, плата од 300 илјади фунти фунти на неделно ниво.