Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иван Ракитиќ и понатака е голема енигма. Заминува или останува сеуште не е разјаснето, а шпанските медиуми денеска пишуваат за тоа како Луис Енрике на прес конференцијата во пресрет на реваншот од Купот на кралот со Атлетик Билбао не го споменуваше.
Веќе некое време врие конфликт меѓу Хрватот и славниот клуб, но упорно сите тврдат дека нема проблем.
Тогаш се појави и вест за можен трансфер во Манчестер Сити.
Тогаш следеа бројни деманти, а сега се огласи и секогаш доверливиот „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека проблем и не постои.
Откриле и дека Ракитиќ ќе биде стартер против Атлетико, но и уште поважно детали.
„Барселона и Ракитиќ одржуваат партнерски однос, а тоа го потврдува и состанокот на менаџерот на Ракитиќ Артур Каналес со директорот на Барселона Роберт Фернандез.
Во опуштена атмосфера разговараа за информацијата која се појави поврзана со Манчестер Сити и веќе започнаа преговори за продолжување на договорот на Ракитиќ со Барселона“, тврди споменатиот весник со напомена дека Хрватот нема никаква намера да го напушти клубот.