Откриен дресот на Челси за наредната сезона (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси сезонава ги разочара своите навивачи, зашто до крајот на сезоната во Премиерлигата ќе се борат за пласман во топ-4, а исто така им остана борбата за трофејот во Лига Европа.

Челси во 2016 година потпиша договор вреден 600 милиони фунти со Најк, кој треба да трае 15 години.

Во моментов лондонскиот клуб има три бода помалку од четвртопласираниот Арсенал во трката за топ-4 позициите, кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони.

На страницата „Фути хедлајнс“ се појави изгледот на новиот дрес на Челси, а многумина се импресионирани од истиот.

Од друга страна, треба да потсетиме дека Челси нема да може да ангажира нови засилувања во наредните два преодни рока, зашто доби суспензија.