Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На социјалните мрежи се појавија новите дресови на репрезентацијата на Аргентина, која во нив ќе настапи наредното лето на Копа Америка, а на прв поглед тие изгледаат како претходните.
Засега најголемо прашање останува дали Лионел Меси ќе го носи дресот на репрезентацијата, од која се повлече привремено по Мундијалот во Русија.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапија најави дека Меси најверојатно ќе се врати на Копа Америка, која почнува на средината на јуни наредната година.
Тој со Меси разговарал во текот на финалето на Копа Либертадорес во Мадрид и темата на разговор била враќање во националниот дрес.
„Меси никогаш не си замина од репрезентацијата и не се сомневам дека ќе се врати наскоро“, кажа Тапија.
Aca va el kit completo (como me lo imagino yo).
Para mi, suma muchos puntos viéndolo en conjunto. pic.twitter.com/VzGvqfFQja— Lacasaca (@LaCasacaBlog) January 4, 2019