„Отпишаниот“ му носи голема заработка на Ливерпул?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мамаду Сако стана вишок во тимот на Клоп, но тоа не значи дека ќе го пуштат за малку пари да замине од тимот.

Сако моментално е на позајмица во Кристал Палас, а во овој клуб игра важна улога во дефанзивата.

Тој му донесе на тимот доволно сигурност во одбраната, па така во неговите први три натпревари тие успеаа да ја зачуваат мрежата.

Меѓутоа, поради несогласувањата со Клоп, неговата иднина во Ливерпул не е сигурна, но поради добрите игри, Ливерпул би можел да заработи многу пари.

Ливерпул постави цена од 30 милиони фунти за овој поранешен играч на ПСЖ.

Според медиумите, за него се заинтересирани Кристал Палас, Интер, Милан, Стоук и ВБА.