Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара потпиша нов договор со Баерн.
Иако се споменуваше можност за враќање во Барселона, од тоа нема да биде ништо бидејќи Алкантара денеска со минхенскиот клуб потпиша нов договор до 2021 година.
„Тиаго е еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Многу сме среќни што го задржавме“, изјави претседателот на Баерн Карл Хајнц Румениге.
Воодушевувањето на го криеше ни самиот Алкантара.
„Мојата фамилија и јас се чувствуваме во Минхен како дома. Задоволни сме и сакам во иднина да освојувам трофеи со Баерн“, порача Шпанецот.
Алкантара во оваа сезона е еден од најважните играчи во тимот на Карло Анчелоти.
Со Баерн, меѓу останатото, досега освои три Бундеслиги, два германски Купови, Суперкуп на Германија, како и УЕФА Суперкуп и Светско првенство за клубови.